Поврзете се со нас

Европски првенства

Џака им се потсмева на „аѕурите“: Ја победивме Италија уште пред да излеземе на терен!

Објавено

на

Foto:instagram.com/swissnatimen

Швајцарија понесена од спектакуларната партија против Италија има уште поголеми апетити на ова Европско првенство, па влегува со реални шанси за триумф и покрај тоа што во четвртфиналето ќе игра против Англија.

Составот на селекторот Јакин изгледа како еден од најдисциплинираните и највоиграни на турнирот во Германија, а говорејќи за пресметката со „аѕурите“ која се одигра во саботата, капитенот Гранит Џака не пропушти шанса да му фати сеир на фаворитот.

Искусниот играч за врска вели дека Швајцарците ја добиле битката со Италијанците уште пред да излезат на терен, идентично како што тоа го направил ривалот пред три години на претходното Европско првенство.

– Ја победивме Италија уште пред да излеземе на терен, исто какошто тие ни направија на нас пред три години. Бевме решени да ги победиме, имавме добра анализа. Да бидам искрен, никогаш не сум ја видел Италија да страда толку на еден меч.

– Горд сум на секој член од тимот, вклучувајќи ги и оние од стручниот штаб. Не самошто имаме добри резултати, прикажуваме и добар стил на игра. Поразот од пред три години се уште болеше, па затоа покажавме тимски дух и ја остваривме целта. Бевме дисциплински перфектни, со топката, но и без топката во нозе, – изјави Џака.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни