Поврзете се со нас

Германија

Џака го користи непријатното искуство од Арсенал како мотив за шампионската титула во Германија

Објавено

на

Foto:twitter.com/bayer04fussball

Гранит Џака втора сезона по ред се бори за титулата национален шампион, а интересно, на десет кола пред крајот повторно се наоѓа во привилегирана ситуација.

Швајцарскиот репрезентативец минатата година беше важен член на Арсенал и во последните кола гледаше како Манчестер Сити прави пресврт, па искусниот играч за врска го користи ова непријатно искуство за да ги мотивира и да ги поучи младите соиграчи од Леверкузен.

Баер е пред историска шанса да ја освои првата титула во Бундеслигата, бидејќи на десет кола пред крајот има точно десет бодови повеќе од актуелниот шампион Баерн Минхен.

– Треба да сме задоволни и горди на тоа што го остваривме досега, но ништо не е освоено и ништо не е готово. Зборувам од свое сопствено искуство од минатата сезона. Имавме слична бодовна предност во однос на вториот тим на табелата и на крајот не ја освоивме титулата. Познато ми е тоа искуство и се обидувам тоа да им го доловам на моите соиграчи во соблекувалната.

– Десет бода предност се многу во фудбалот, но има уште 30 за игра и ништо не е готово. Секако дека непријатното искуство од лани го користам како мотив, моите соиграчи секојдневно ме прашуваат како е да се биде во таква ситуација. Искрено, многу е тешко да се објасни, мора да го доживеете. Мора да останеме мирни и понизни, да работиме од ден за ден и да не калкулираме. Треба да играме како досега до 34-то коло, – изјави Џака.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни