Светски првенства
Џака ги провоцираше Србите со контроверзен дрес, па порача дека го посветил на играч со македонски корени (Фото)

Гранит Џака беше избран за играч на мечот меѓу Швајцарија и Србија кој одново донесе многу емоции, тензија и провокации на теренот, а тоа продолжи и набрзо по последниот судиски свиреж на Рапалини.
Џака беше фудбалерот кој влезе во вербален конфликт речиси со цела репрезентација на Србија и во второто полувреме го покажуваше меѓуножјето, но цела Србија како најголема провокација го протолкува неговиот потег за време на славјето за пласманот во осминафиналето.
По крајот на натпреварот, Џака облече дрес на кој пишуваше Јашари и го потенцираше ова презиме, кое за Србите е симбол за озлогласениот Адем Јашари, основач на терористичката формација за ослободителната војска на Косово (ОВК).
Потегот на Џака веднаш наиде на голема осуда, но тој лесно се извади додека даваше изјави и посочи дека тоа му го посветил на својот соиграч од репрезентацијата Ардон Јашари кој е Албанец со македонски корени.
– Нема никаква политичка провокација во ова. Мислев на мојот соиграч кој дојде многу млад во тимот. Јашари е како мене, дојде многу млад во тимот и заслужува да добие почит. Минуваме многу време заедно и му ветив дека ќе го облечам неговиот дрес, – порачал Џака.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……