Поврзете се со нас

Европски првенства

Џака: Ако треба и со една нога ќе играм против Англија

Објавено

на

foto:x.com/EURO2024DE

Швајцарија е една од селекциите кои покажа најконкретен, најдобар фудбал на Европското првенство и сосема заслужено е меѓу најдобрите осум со надеж и желба дека ќе дојде до топ 4 со тоа што за таа цел ќе мора да ја елиминира Англија.

„Гордиот албион“ иако не блеска на шампионатот го има статусот на благ фаворит во Дизелдорф, но Швајцарците се подготвени за предизвикот и веруваат дека можат да дојдат до полуфиналето.

-Во споредба со останатите репрезентации, Англија има голем број играчи кои играат во Премиер лигата и мислам дека тоа ги прави посебни. Против повеќето играв до лани и познавам голем број играчи, па знам дека не чека многу тешка задача, но многу пати досега сме покажале дека не се плашиме од никого и дека имаме цел што е поставена пред нас. Ако можевме да славиме против Италија, можеме да славиме и против Англија, -вели Гранит Џака кој не е 100 проценти фит, ама не планира да го пропушти ова соочување.

-Тренирам со тимот. Веќе не чувствувам толку голема болка. Да бидам искрен, ако треба и со една нога би излегол на терен против Англија. Мислам дека вакви натпревари не треба да се пропуштат. Сакам да направам нешто големо со моите соиграчи. Спојот на младост и искуство е нешто што е добитна комбинација, – додаде членот на Баер Леверкузен.

Средбата Швајцарија-Англија се игра од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни