Поврзете се со нас

Балкан

Џајиќ избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија

Објавено

на

Фото: facebook.com/crvenazvezdafk

Драган Џајиќ денеска и официјално е избран за претседател на Фудбалскиот сојуз на Србија.

Српската фудбалска легенда очекувано го доби првиот мандат, откако единствениот противкандидат, Немања Видиќ ја повлече кандидатурата во пресрет на изборите.

Џајиќ добил 78 гласови од 79 присутни делегати, а изборите биле верификувани и од преставници на УЕФА.

ФСС доби претседател по подолго време, откако позицијата беше испразнета по повлекувањето на Славиша Кокезза.

Драган Џајиќ е легендарен фудбалер кој најдобрите моменти од кариерата ги доживеа како член на Црвена Звезда и југословенската репрезентација, а подоцна беше претседател на „црвено-белите“ во периодот кога белградскиот тим стана и европски шампион.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни