Италија
Ѕербин се покажа како вистински „џокер“ за Наполи, италијанскиот Суперкуп донесе тажни слики од Саудиска Арабија (Фото)

Наполи е првиот финалист во премиерниот италијански Суперкуп на кој настапуваат по четири екипи, но сцените кои пристигнаа од Саудиска Арабија дефинитивно не се добра промоција за италијанскиот фудбал.
Полуфиналето меѓу Наполи и Фиорентина се играше пред полупразни трибини и тоа е ситуација која сигурно не би се случила во Италија, па многумина уште сега почнаа да заклучуваат дека овој проект е вистинско фијаско.
Што се однесува до натпреварот, актуелниот италијански првак Наполи успеа да победи со 3:0 и да го скрши отпорот на Фиорентина, која повторно не ги користеше шансите.
Наполи дојде до водство со голот на Симеоне во 22-та минута, но „виолетовите“ пропуштија да се вратат во игра кога пред крајот на првиот дел пенал не реализираше Иконе.
Со резултатот 1:0 се влезе во последните минути од средбата, а тогаш „џокерот“ Ѕербин се покажа како јунак за „наполитанците“. Напаѓачот влезе во игра во 81-та минута, а пет минути подоцна имаше два гола зад своето име и ги постави конечните 3:1.
Во второто полуфинале во Саудиска Арабија, силите ќе ги одмерат Интер и Лацио.
🤬 Estadio prácticamente vacío para ver la primera semifinal de la Supercoppa entre Napoli y Fiorentina.
🤐🤐🤐 pic.twitter.com/vOXgXXROwl
— Fútbol Italiano 🇮🇹 (@FT_Italiano) January 18, 2024
-
НБА22 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА15 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција10 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан20 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија11 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 121 час
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Свет15 часа
Роналдо со прв гол како 40-годишник, Дуран ја „отвори сметката“ за Ал Наср (ВИДЕО)
-
Италија23 часа
Инѕаги за поразот од Фиорентина: Заслуживме да загубиме