Ѕенга го презема Кротоне

Valter-Zenga1

Валтер Ѕенга е нов тренер на Кротоне, екипата која и сезонава ќе се бори за опстанок во италијанската Серија А.

Поранешниот голман во минатото во Италија ги водеше Катанија, Палермо и Сампдорија, а негов последен клуб беше Вулверхемптон каде „преживеа“ само 17 натпревари.

Ѕенга доаѓа на местото на Давиде Никола кој си поднесе оставка, а Кротоне засега има 12 бодови по 15 одиграни натпревари во Серија А.

Facebook Коментари