Поврзете се со нас

Италија

Ѕапата неизвесен за „волчицата“, Рома планира да направи обид за Лукаку

Објавено

на

Foto:twitter.com/Inter

Рома е во потрага по уште еден напаѓач, а речиси сигурниот трансфер на Дуван Ѕапата сега се претвори во неизвесно засилување за Жозе Мурињо.

Повредата на засилувањето Ел Билал Туре ја натера Аталанта да размисли уште еднаш за разделбата со Ѕапата, а тоа му создаде проблем на Мурињо.

Меедиумите сега тврдат дека Рома размислува за Ромелу Лукаку, операција која сигурно нема да биде едноставна, посебно поради сумата која ја бара Челси и не е помала од 40 милиони евра.

Лукаку не е во плановите на Челси и во моментов нема конкретна понуда, освен можноста да замине во Саудиска Арабија, па Рома може да изненади со ангажман на Белгиецот и да доведе големо засилување.

Напаѓачот настапуваше за Интер, пред да ги расипе односите со овој клуб поради преговорите со Јувентус, за на крајот да се изјалови и опцијата за трансфер во торинскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни