Поврзете се со нас

Италија

Ѕапата и пресуди на „својата“ Аталанта, па плачеше по крајот на мечот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/TorinoFC_1906

Дуван Ѕапата со години наназад беше симбол за нападот на Аталанта, но вчера му пресуди на својот доскорашен клуб, кој за волја на вистината се уште ги поседува правата на фудбалерот.

Напаѓачот игра во Торино како позајмен фудбалер од Бергамо откако Гасперини процени дека за него веќе нема сигурно место во Аталанта, а Дуван како да сакаше вчера да му се одмазди на искусниот стручњак.

Ѕапата постигна два гола во победата од 3:0 и беше играч на мечот, но фактот што мина незаборавни пет години во Аталанта направи да има и измешани емоции по крајот на средбата.

– Со овие два гола, возвратив на љубовта и поддршката која ми ја даваат тренерот Јуриќ и сите останати откако пристигнав тука. Сите ме пречекаа на најдобар можен начин и морам да ви кажам дека минав низ тежок период во животот.

– Бев среќен што ги видов моите поранешни соиграчи, па и малку ми е жал што ги победивме. Сепак, оваа победа беше многу важна за нас. Ја посветувам оваа победа на моето семејство и моите соиграчи. Ја заслуживме, ако останеме сплотени, ќе продолжиме да напредуваме, – изјави Ѕапата со солзи во очите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни