Поврзете се со нас

Италија

Ѕаниоло за лекциите од Мурињо: Ме научи што треба да правам после добар натпревар

Објавено

на

Жозе Мурињо му ја промени позицијата на Николо Ѕаниоло и вчера го смести во нападот зад двајцата напаѓачи, улога во која ѕвездата на Рома се снајде на извонреден начин и понуди навистина добра партија.

Иако стануваше збор за доста неквалитетен противник како Зорија, Мурињо по средбата нагласи во кои сегменти мора да се поправи Ѕаниоло од кого има огромни очекувања, ставајќи ги во фокус неговата концентрација и континуитетот од кои очигледно не е задоволен.

Португалецот верува дека Ѕаниоло треба да бара повеќе од себе на секој одигран натпревар, став со кој очигледно влегол и во главата на младиот Италијанец кој излезе со искрена изјава по триумфот од 4:0.

Не требаше многу за Мурињо да влезе во конфликт со фудбалер на Рома: Португалецот со критики за Ѕаниоло

– Можам да играм и во оваа улога, зад двајцата напаѓачи, можам да играм и на страна, било каде во нападот. Тренерот побара од мене да играм тука и јас му стојам на располагање, – вели Ѕаниоло за кого италијанските медиуми пренесуваа дека влегол во конфликт со Жозе на еден од тренинзите.

– Седењето на клупа ме натера да размислувам, ги прифатив одлуките од тренерот. Уживам кога сум под притисок и сакам да одговорам на теренот. Мурињо ме научи дека не треба да бидам задоволен од добри перформанси, ме научи дека треба да барам совршенство од тој добар натпревар и да продолжам да се подобрувам, – вели 22-годишниот Ѕаниоло.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни