Италија
Ѕаниоло со емотивна порака ја затвори приказната со Рома: Ова патување е составено од уникатни емоции (ВИДЕО)

Повремениот италијански репрезентативец, Николо Ѕаниоло и официјално беше потврден како нов играч на турскиот великан Галатасарај.
Тимот од Истанбул постигна договор со римската волчица, па сега Ѕаниоло ќе започне нова приказна далеку од италијанската престолнина. Разделбата на офанзивецот со калчолигашот не беше идеална, меѓутоа љубовта, почитта останува и најдобар доказ за тоа е мотивната порака со која фудбалерот ја заокружи оваа епизода од неговиот живот.
-Дојдов кај тебе и ти ме пречека како дома. Направи да напредувам, ми даде шанса која јас се трудев да ја искористам со целото мое срце, секогаш почитувајќи ја историјата што ја претставуваш, борејќи се за твоите бои, потејќи се за дресот секогаш кога го носев.
-Ова патување е составено од уникатни емоции кои ќе ги носам засекогаш, како она на 25. мај минатата година, тој гол, тој пехар… за сите нас. Многу беше кажано, премногу, но сега кога кажуваме збогум, сакам да ви кажам една работа…Ми беше чест. Вечно благодарен, -напиша Италијанецот кој од 2018 ги бранеше боите на Рома.
-
Шпанијапред 21 час
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 21 час
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
Формула 1пред 23 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
НБАпред 17 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 24 часа
Карвахал имаше жесток клинч со третиот голман на Барселона по последниот судиски свиреж (Видео)
-
Шпанијапред 5 часа
„Ел Класико“ пикантерии: Винисиус имал порака за Араухо по среќниот гол, Модриќ изустил два збора по поништениот гол од ВАР (Видео)
-
Светпред 15 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик