Италија
Ѕаниоло се премислил во последен момент, Борнмут решил да купи играч од ривал на Рома

Николо Ѕаниоло одби да се пресели во редовите на Борнмут, а тоа индиректно излезе како одлична услуга за еден ривалски тим.
Сасуоло направи уште една одлична и профитабилна зделка, продавајќи го Амед Траоре во редовите на премиерлигашот и за тоа ќе заработи 30 милиони евра.
Тоа беше сумата која Борнмут ја нудеше и за Ѕаниоло и која Рома ја имаше прифатено, но фудбалерот не сакал да се пресели во екипата од долниот дел на премиерлигашката табела.
За драмата да биде поголема, новинарот Џанлука Ди Марцио тврди дека Ѕаниоло вчера се премислил и побарал од агентот да го договори трансферот во Борнмут, но сега премиерлигашот го откачил фудбалерот со објаснување дека е истрошен буџетот планиран за јануари.
Директорот Џовани Карневали потврдил дека офанзивниот играч ќе донесе 30 милиони за Сасуоло по крајот на сезоната, што е уште еден голем успех за „нероверди“ тимот на трансфер пазарот.
Another one through the door ✔️
Hamed Traorè has joined #afcb from Sassuolo on an initial loan, which will become permanent in the summer ✍️
— AFC Bournemouth 🍒 (@afcbournemouth) January 31, 2023
-
Македонијапред 13 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Германијапред 22 часа
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 21 час
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Италијапред 17 часа
„Кориере“: Мурињо донесе конечна одлука, знае каде ќе работи наредната сезона