Поврзете се со нас

Конференциска лига

Ѕаниоло постигна гол и се разбуди од кошмарот: Изгледаше како крај на светот, но се вратив! (Видео)

Објавено

на

Рома го победи Трабзонспор со 3:0 на домашен терен и со вкупни 5:1 се пласираше во групната фаза на новоформираната Конференциска лига на УЕФА, но од вториот натпревар против Турците, за паметење ќе остане сцената која ја понуди Николо Ѕаниоло.

Големата италијанска сцена се врати на фудбалските терени после двете тешки операции на двете колена, а откако вчера за првпат се запиша во листата на стрелците по пауза од 400 дена, едноставно не можеше да ги контролира емоциите.

Младиот фудбалер се расплака по постигнатиот гол и јасно стави до знаење колку му значи постигнатиот погодок, па сето тоа го проследи и со емотивна објава на социјалните мрежи.

– Да, изгледаше како да е крај на светот. Но, јас се уште сум тука! Ви благодарам на сите! Се вратив, – порача Ѕаниоло на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни