Поврзете се со нас

Италија

Ѕаниоло ја напушта Аталанта и се сели во друг клуб од Серија А

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Аталанта го ангажираше Николо Ѕаниоло со желба да го откупи неговиот договор по крајот на сезоната, но тренерот Џан Пјеро Гасперини поради одредени причини веќе не е заинтересиран за такво сценарио.

Повремениот италијански репрезентативец добил зелено светло да го напушти Бергамо уште овој преоден рок и се очекува да заврши во редовите на Фиорентина.

Аталанта му плати на Галатасарај 6,4 милиони евра за да го добие Ѕаниоло до крајот на сезоната, со клаузула за задолжително откупување на договорот при одиграни 60 проценти од натпреварите, но Николо нема да дојде до можност да ја активира истата.

Тој е на трансфер листата во Аталанта и италијанските медиуми најавуваат дека е пред преселба во Фиренца и таму ќе го облече виолетовиот дрес.

Ѕаниоло сезонава забележа 23 настапи и постигна 3 гола во дресот на Аталанта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни