Поврзете се со нас

Свет

Ѕанарди е стабилен, но лекарите загрижени дека може да го загуби видот

Објавено

на

blank

Лекарскиот тим кој се грижи за Алекс Ѕанарди во болницата во Сиена, попладневно излезе со ново соопштение за состојбата на поранешниот Ф1 возач.

Според истото, Ѕанарди останува во стабилна состојба по невролошката и максилофацијалниот оперативен зафат, но се појавил уште еден проблем.

Во инцидентот во кој Ѕанарди со својот „хендбајк“ се судрил со камион, тој покрај на главата, заработил и повреди на лицето и очите, па лекарите велат дека дополнително ќе биде познато дали повредата на очите може да биде санирана, споменувајќи ја опасноста да остане без својот вид.

Ѕанарди вчера настрада за време на натпревар во близината на Сиена, кога возејќи со својот „хендбајк“ налетал на камион, по што експресно е пренесен во болница.

На легендарниот Италијанец му беа ампутирани двете нозе откако доживеа тешка несреќа за време на „Чемп кар“ инцидентот во 2001 година, а оттогаш се натпеварува на параолимпијадите и слични натпреварувања каде стана вистински мотиватор за сите учесници.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни