Ѕампарини ќе ја тужи федерацијата ако Палермо не се врати во Серија А

Maurizio-Zamparini

Контроверзниот сопственик на Палермо, Мауро Ѕампарини, најави дека ќе ја тужи Италијанската фудбалска федерација доколку неговиот клуб не успее да ја оствари зацртаната цел, а тоа е враќање во елитната Серија А.

Ѕампарини е лут затоа што Палермо е сериозно ослабен секогаш кога има термини за настап на репрезентациите, а тоа ќе се случи и наредниот период кога ќе се играат пријателски натпревари. Меѓу фудбалерите кои ќе недостасуваат се и македонските репрезентативци Илија Несторовски и Александар Трајковски.

– Ако не влеземе во Серија А, ќе барам отштета од федерацијата. Не е логично еден клуб кој се бори за влез во повисок ранг да остане без повеќе фудбалери поради некакви пријателски натпревари.

– Ова се коси со вредностите на фудбалот, кои се тие вредности ако не можеме да располагаме со половина тим, – истакнал Ѕампарини.

Македонскиот селектор Игор Ангеловски инсистира на настап на Несторовски и Трајковски на пријателските натпревари против Финска и Азербејџан поради воигрување на селекцијата во пресрет на првото издание на Лигата на нации.

Facebook Коментари