Ѕампарини: Горди сме што го имаме Несторовски, но ако нема пари ќе мора да го жртвувам!

nestorgol

Македонскиот репрезентативец, Илија Несторовски денеска ја продолжи соработката со италијанскиот состав Палермо до 30 јуни 2021 година притоа не криејќи го задоволството што останува на Сицилија.

Сепак и покрај новиот договор останува отворена опцијата Иле да биде продаден од клубот од „Ренцо Барбера“, а тоа јасно го посочи првиот човек контраверзниот Маурицио Ѕампарини.

– Несторовски? Горди сме што го имаме Илија како играч и пред се како човек, тој е нашиот капитен. Пред секој меч си разменуваме смс пораки, тој е лидер на нашиот тим, иако вчера не даде гол. Среќен сум што останува со нас во овој проект, ќе им го пренесам ова на потенцијалните нови сопственици на кои воедно ќе им посочам дека ако нема пари нови ќе мора да го жртвувам Илија зошто на клубот му се потребни средства, -порача во свој стил Ѕампарини.

Facebook Коментари