Ѕамброта: Навивачите на Јувентус сонуваат за Нејмар

nejmar

Најдобриот бразилски фудбалер, Нејмар сака да ја промени клупската средина во овој преоден рок, поточно да си замине од таборот на Пари Сен Жермен.

Тој се поврзува со враќање во Шпанија и тоа во Барселона, но како опција е и Реал Мадрид. Меѓутоа некои медиуми излегоа со сензационална вест и дека можеби Јувентус може да биде следна дестинација за Нејмар, односно дека италијанскиот шампион има подготвено специјален пакет во кој се вклучени Дибала и Матуиди.

Колку е реално останува да видиме, но за едно вакво сценарио дефинитивно сонуваат навивачите на Јувентус. Ова го тврди легендата на „црно-белите“, Џанлука Ѕамброта кој го носеше дресот на овој клуб во периодот од 1999 до 2006 година.

-Навивачите на Јуве и италијанските фанови воопшто сонуваат да го видат Нејмар во Серија А. Тоа ќе биде уште еден голем маркетинг потег за италијанскиот фудбал по Кристијано Роналдо. Со Нејмар, Јуве ќе биде во првите пет големи клубови во светот, а брендот Јувентус ќе се зголеми масовно во светот. Тоа нема да биде лесно, но гледам и враќање на Нејмар во Барселона е тешко, иако имаше многу познати кам-бекови во поновата фудбалска историја, последното е на Буфон во Јувентус по краткиот престој во ПСЖ, Се сеќавам исто Кака и Шевченко се вратија во Милан, -истакна поранешниот италијански репрезентативец.

 

Facebook Коментари