Атлетика
Двократен олимписки шампион преживеал авионска несреќа во Кенија (Фото)

Двократниот олимписки шампион Давид Рудиша имал неверојатна среќа во авионска незгода која се случила во неговата родна Кенија, а како што вели самиот, главен виновник за тоа што минал негребнат од големиот шок бил фантастичниот пилот.
Човекот кој е рекордер на делницата од 800 метри со време од 1 минута, 40 секунди и 91 стотинка имал страшно приземјување изминатиот викенд, или поточно во саботата.
Инцидентот се случил во близина на градот Кајиадо во Кенија, а покрај Рудиша, во авионот биле уште пет лица и навистина добро е што никој не завршил трагично.
– Се беше во ред на седум или осум минути од полетувањето, но потоа одеднаш моторот на авионот не се слушаше и прекина да работи. Пилотот виде празно место каде што може да слетаме, но при обидот, едното крило заврши во дрво и авионот почна да се врти.
– Пилотот заврши неверојатна работа што го одржуваше авионот стабилно толку долго време, – открил Рудиша за „Дејли Нејшн“, а притоа се објавија и фотографии како позира со превртениот авион.
Two-time Olympic 800m Champion David Rudisha and five others escaped with injuries in a plane crash on Saturday at Imbirikani in Kajiado County after attending the Annual Masai Olympics event at Kimana Wildlife Sanctuary!
We wish them a quick recovery.#RadullLive pic.twitter.com/k2Rb50C5Vq
— @RadullLive (@radulllive) December 11, 2022
-
Светпред 23 часа
Червар лут на Гобац: Тој ме смени затоа што мисли дека е татко на ракометот!
-
Светпред 23 часа
Меси отворено за односот со Мбапе: Зборувавме за финалето на СП…
-
Англијапред 9 часа
Мудрик ужасен во вториот натпревар за Челси, публиката го поздрави со свирежи
-
Италијапред 18 часа
Алегри полуде по потегот на Ди Марија во самата завршница против Лацио (ВИДЕО)
-
НБАпред 20 часа
Се е подготвено за НБА спектакл: Познати се и резервите за Ол-стар мечот во Солт Лејк Сити (ФОТО)
-
НБАпред 22 часа
Тепачка во НБА лигата: Мичел и Брукс влегоа во жесток судир, па двајцата предвреме беа испратени на туширање (ВИДЕО)
-
АТПпред 20 часа
На чекор до ново финале: Ивановски го суреди и осмиот носител во Монастир
-
Светски првенствапред 17 часа
Коло Муани се уште го сонува зицерот против Аргентина: Можев да го лобувам Мартинез, да му додадам на Мбапе…(ВИДЕО)