Светски првенства
Двојникот на Нејмар е сензација во Катар: Го измамил обезбедувањето и влегол на терен (Видео)

Нејмар е во аут до крајот на групната фаза на Светското првенство, но тоа е сега најмал проблем за бразилскиот тим, од едноставна причина што „кариоките“ денеска обезбедија пласман во осминафиналето.
Големата ѕвезда ќе може мирно да се опоравува за нокаут фазата и нема да мисли за последниот меч во групната фаза против Камерун, но во меѓувреме, шоуто во Катар го украл неговиот двојник.
Еигон Оливеира и е добро познат на бразилската спортска јавноста поради неверојатна сличност со Нејмар и факт е дека тој заработува и добри пари со објавите кои ги има на социјалните мрежи, но луѓето во Катар останале комплетно збунети од двојникот на Бразилецот.
Оливеира направил безброј селфиња изминатите неколку дена во Доха и се претворил во вистинска сензација и успеал да ги измами и новинарите, а влегол и на неколку терени бидејќи обезбедувањето навистина мислело дека станува збор за бразилскиот репрезентативец.
Видеата се преземени од Тик-Ток профилот на Еигон, а угледната „Марка“ ги спои истите и направи интересна компилација.
-
Светпред 19 часа
Судот во Мадрид ги нападна УЕФА и ФИФА и донесе пресуда во корист на Суперлигашите
-
Германијапред 21 час
Кансело позираше со новиот дрес и со само пет збора се прости од Сити (Фото)
-
Шпанијапред 23 часа
Барселона почна преговори за продажба на Белерин после само шест месеци: Се задоволува со минимален надоместок
-
Англијапред 15 часа
Јунајтед договори засилување од Баерн (ВИДЕО)
-
АТПпред 22 часа
Момент кој не се виде во телевизискиот пренос: Прославата на Ѓоковиќ по последниот поен од вистински агол (Видео)
-
Македонијапред 20 часа
Антиќ со совет до младите кошаркари: Не гледајте НБА лига, Јокиќ игра со 50 проценти!
-
Англијапред 14 часа
Беше шокиран: Реакцијата на Кукуреља за трансферот на Жоржињо во Арсенал (ВИДЕО)
-
Италијапред 12 часа
Марота: Нема повеќе клупски легенди, мораме да ја почитуваме одлуката на Шкриниар