Двојна победа на Јотовски на турнирот во Брчко

jotovski

Македонскиот тенисер, Томислав Јотовски на одличен начин со две победи во двете конкуренции го отвори новиот фјучерс во Брчко (Босна и Херцеговина).

Јотовски како трет носител во сингл славеше над Самуел Ходор од Словачка (7-6, 6-1) и обезбеди второ коло во кое ќе излезе на мегдан против Сем Батлер од Велика Британија (1205 на АТП листата).

Во двојки пак Томи заедно со Горазд Србљак ги надиграа Џејмс Алемби (Велика Британија) и Алексеј Алешчев (Русија) со 6-4 и 7-5 по 80 минути игра. Сега за македонската комбинација следи меч против Нерман Фатиќ и Љубомир Челебиќ, играчи од кои загубија на претходниоѕ фјучерс во Брчко.

Од денешните настапи вреди да се забележи и поразот на Србљак кој по 2 часа и 23 минути ја загуби битката против Дени Змак од Хрватска.

Овој фјучерс се игра на земјени терени за вредност од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари