Поврзете се со нас

Македонија

Двојаковски ново име во редовите на МЗТ Скопје

Објавено

на

Актуелниот македонски кошаркарски шампион МЗТ Скопје се пофали со потписот на Оливер Двојаковски.

Некогашниот младински репрезентативец на Македонија ќе има задача да помогне во борбата под обрачите, односно МЗТ го ангажираше по здравствените проблеми на Милош Копривица и Андреј Андоновски.

Тој во изминативе месеци го носеше дресот на Работнички, претходно беше дел од Шкупи, Куманово, Пелистер, Еуро Никел, Академија ФМП, Охрид, а првите чекори во сениорската кошарка ги направи во Шпанија.

Центарот веќе е регистриран и се очекува да дебитира веќе в недела против МКК Куманово.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни