Поврзете се со нас

Англија

Двоен удар за Арсенал: Прво го загуби Лено, па потоа беше потопен од Брајтон во последната минута (ВИДЕО)

Објавено

на

Составот на Арсенал иако на хартија важеше за фаворит доживеа пораз од Брајтон од 2-1 во средбата од 30. коло во Премиер лигата.

„Топчиите“ во првиот дел останаа без првиот голман Лено кој потешко настрада поради домашниот напаѓач Мопеj кој непотребно влезе во контакт со него.

Оваа повреда Арсенал ја надмина и во 68 минута успеа да поведе со одличниот гол на Пепе.

Меѓутоа како многупати сезонава и во изминативе години клубот од Лондон потоа исчезна и му дозволи на домаќинот да направи пресврт и се избори за три големи бода. Данк во 75 израмни на 1-1, резултат кој беше активен се до судиското продолжение во кое Мопеj одлично се снајде и ја смести топката во мрежата на Мартинез.

Арсенал со 40 бода е на 9 позиција, Брајтон со 32 пак е на 15 место.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни