Поврзете се со нас

Италија

Двоен удар: Јувентус договори и втор крилен напаѓач во ист ден

Објавено

на

Фото:twitter.com/juventusfc

Јувентус подолг период испраќаше свои фудбалери во други клубови како класични трансфери или заеми, а денеска во ист ден успеа да договори две сериозни засилувања за својот напад.

По договорениот трансфер на Нико Гонзалес од Фиорентина, Јувентус има договор и со Порто, но во случајот за заем на Франсиско Консеисао.

Синот на веќе поранешниот тренер на Порто реши да го напушти португалскиот клуб по промените кои се случија во раководството и во стручниот штаб, а од сите понуди, ја избрал таа на „бјанконерите“.

Како што е најавено, Консеисао првата сезона ќе ја игра како позајмен играч, Јувентус за истото ќе плати 7 милиони евра, но ќе нема обврска да го откупи неговиот договор.

Италијанските медиуми тврдат дека по Гонзалес и Консеисао, Јувентус ќе се обиде да го доведе и Џејдон Санчо, за чиј заем проблем е големата плата во која ќе треба да учествува и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни