Поврзете се со нас

Свет

Двоцифрен учинок за Димитријевиќ, Валенсија им се врати на победите

Објавено

на

Валенсија продолжува со „топло-ладно“ настапите на стартот на новата сезона во шпанската кошаркарска Прва лига, со тоа што вечерва повторно ја вкуси сласта на победата како гостин.

По поразот од Реал Мадрид во минатото коло, Валенсија сега стигна до трета победа во домашниот шампионат, откако во тесен меч славеше над Сан Пабло Бургос со резултат 65:69.

Во еден доста неефикасен натпревар во второто полувреме, на крајот како пресудна се покажа играта во одбраната, па откако Валенсија ја доби последната четвртина со 12:11, практично го осигура и триумфот.

Поради дефанзивниот пристап на теренот, само пет играчи завршија со двоцифрен учинок, а меѓу нив беше и нашиот Ненад Димитријевиќ како организатор на играта.

Нено го заврши мечот со 10 поени, 2 скока и 6 асистенции, со што беше четврт најдобар поентер во Валенсија зад Лабејри, Хермансон и Прадилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни