Поврзете се со нас

Свет

Двоцифрен учинок на репрезентативецот: Брилијантниот Манасков до врв ја наполни мрежата на Ѓенѓеш

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков го предводеше Веспрем до осмата победа во осмиот натпревар во првата лига на Унгарија.

Левото крило имаше неверојатна партија на гостувањето кај Ѓенѓеш каде имаше двоцифрен учинок, поточно даде дури 12 голови во триумфот од 35-25 (17-12).

Манасков едноставно беше незадржлив за домаќините и далеку најдобар поединец на оваа средба со оглед на тоа што најблиску до него беа неговиот соиграч Благотиншек како и Варсандан и Херцег од Ѓенѓеш со по 5 постигнати голови.

Ова за Веспрем беше одлична увертира за дербито со Барселона во ЛШ кое е закажано за 21 октомври.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни