Поврзете се со нас

Формула 1

Двете нови големи промени во Ф1 се одобрени, ќе се преговара за деталите!

Објавено

на

blank

Со појавата на светската пандемија беше соопштено дека најголемиот дел од планираните промени за 2021 година кои се однесуваа на аеродинамиката/ ќе бидат префрлени за 2022 година, но во медиумите се појавија вести дека има и други предлози за измени на правилата кои треба да ги видиме во блиска иднина.

Уште во 2021 година може да се случат таканаречените „спринт трки“, кои беа дел од прашалникот што им беше испратен на сите регистрирани фанови кои сакаат да гласаат за вакви идеи. Иако најголемиот дел од фановите ја исплука оваа идеја бидејќи она што денес е познато како „спринт трки“ во Ф2 (претходно ГП2) или во Формула Е, се базира на тоа првите 8 да стартуваат по обратен редослед во втората трка. Тоа едноставно не е дел од ФНК на Формула 1 и таков преседан не е виден во седумдецениската историја.

Оттука, новиот предлог е три гран при викенди да бидат со поинаков тркачки формат, каде што ќе има квалификации во петок, спринт трка во сабота и регуларно гран при во недела! Тие три трки се Монтреал (ГН Канада), Монца (ГН Италија) и Интерлагос (ГН Бразил).

Спринт трките ќе траат 100 километри наспроти стандардното гран при кое трае 305 километри, а нема да има обратен редослед на стартот во недела. Поради покусиот формат, стратегијата во нив ќе биде да не се влегува во бокс. Формула 1 веќе потврди дека ќе ги скуси официјалните тренинзи во петок и во сабота од 90 на 60 минути за сесија, поради што на возачите секако ќе им биде одземена можноста за одлично сетирање на болидот. Овие трки ќе носат и помалку бодови (засега се заговара поени да освојат првите 8 по формулата 15-12-10-8-6-4-2-1), но би требало да ја збогатат динамиката на еден гран при викенд и да донесат поголема публика, како на патеките, така и крај малите екрани во текот на викендот.

blank

Конечната одлука ќе биде позната наскоро бидејќи и покрај поддршката која е дадена од сите засегнати, јасно е дека тоа може да има одраз врз платите на возачите, како и врз трошоците на тимовите, а дополнително правилата ги ограничуваат тимовите да имаат само одреден број на мотори за една сезона. Исто така извесно е дека на овој начин со две победи еден возач може да освои 40 бода, а дополнително со два најбрзи круга уште два бода, што сигурно нема да помогне доколку еден тим доминира во шампионатот. Од друга страна, извесно е дека со спринт трките, ќе биде полесно за некои што правеле изненадување во првиот дел од гран при викендот да откраднат бодови благодарение на снаодливоста во однос на фаворитите.

Втората голема одлука е тоа што има консензус од сите страни да се направат промени кај моторите во 2025 година, а до тогаш на барање на Ред Бул ќе се „замрзнат“ правилата со цел тие да можат да продолжат да го ползуваат моторот кој го развиваа со Хонда. Она што е „симпатично“ е определбата новите мотори да ја продолжат ерата на хибридизација, но да бидат поефтини, да креираат повеќе емоции (звук) и да користат горива кои ФИА ќе ги пропише во насока на постигнување на целта да се имаа „јагледно-неутрални“ трки.

По двете прашања ќе има уште дискусии и допрецизирања, но општото прифаќање од страна на сите инволвирани е јасен знака дека тие ќе се случат и наскоро ќе ги дознаеме деталите.

blank

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни