НБА
Двејн Вејд откри дека направил операција за отстранување опасен тумор

Поранешната НБА ѕвезда, Двејн Вејд, во својот подкаст им открил на фановите дека во 2023 година се соочил со сериозен здравствен проблем.
Вејд имал одредени симптоми по кои на препорака на лекарите направил целосни прегледи, па било откриено дека има тумор на еден од бубрезите.
Препораката била истиот да се отстрани со оперативен зафат, а Вејд решил да ги послуша лекарите и сега е среќен поради тоа. Открил дека му се отстраните 40 проценти од десниот бубрег, а подоцнежните анализи покажале дека туморот бил малиген.
– Фала Богу што прифатив да ми биде направена операција.
– Тоа беше моментот во кој се чувствував најслабо во текот на целиот мој живот, а не сакав да бидам таков пред најблиските, – рекол Вејд.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија22 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони18 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…