Двејн и Казарновски ја предводеа Блокотехна до нова победа над МЗТ Скопје

blokotehna radost

Кошаркарите на Блокотехна го добија денешното дерби против МЗТ Скопје во рамките на Првата македонска кошаркарска лига (96:88) и му го нанесоа и вториот пораз сезонава во меѓусебните дуели на актуелниот првак.

Гостите од Скопје започнаа добро и го добија првиот период со 24:18, но следуваше одговор од домаќинот за 43:41 на полувреме за Блокотехна.

Иако домашниот тим водеше со 87:77 на 3:40 минути до крајот, следуваше серија на МЗТ преку која се влезе во неизвесна завршница. На 1:16 минута до крајот, резултатот на семафорот беше 89:87, но следуваа два напади во кои Казарновски и Минчев реализираа по само едно слободно фрлање, за од тие 90:88, Блокотехна да направија серија 6:0 и да ги постави конечните 96:88 за многу значајна победа во македонското првенство.

Двејн со 24 и Казарновски со 18 поени беа најефикасни кај победникот, додека во редовите на МЗТ, Крофорд го заврши натпреварот со 27, а Трајковски со 21 поен.

По оваа победа, Блокотехна се зацврсти на втората позиција зад Рабтнички со скор 13:2, додека МЗТ сега има скор 11:4.

Facebook Коментари