Поврзете се со нас

Англија

Две завршни операции во Англија за крај на возбудувањата: Санчо „избега“ од Тен Хаг, Стерлинг се пресели во голем ривал на Челси

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/ChelseaFC

Англискиот летен преоден рок заврши вчеравечер во 23:00 часот, но Премиер лигата како официјално тело соопшти дека ќе бидат докомплетирани и дозволени уште неколку трансфери, за кои пристигнал официјален потпис на договорите од повеќе клубови.

Тоа значи дека клубовите добија шанса да ги одложат официјалните потврди и да не брзаат доцна во ноќта, па така Челси и Арсенал имаат неколку часа за комплетирање на зделките кои веќе се договорени.

Во последните минути од летниот преоден рок во Англија, посебно за издвојување се трансферите на Џејдон Санчо и Рахим Стерлинг, а во двете ситуации доста активен беше Челси.

Лондонскиот клуб го осигура Џејдон Санчо од Манчестер Јунајтед во операција која на крајот се води како позајмица, но Челси сепак ќе мора да го откупи крилото на крајот на актуелната сезона.

Трансферот на Рахим Стерлинг е без никави задолженија и станува збор за класична позајмица, според која Арсенал една година ќе смета на услугите на искусниот фудбалер кој се претвора во последно летно засилување за Микел Артета.

Двата трансфери ќе бидат официјално потврдени на 31-ви август, но истите се веќе одобрени поради фактот што двата договори биле потпишани пред 23:00 часот по британско време.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни