Поврзете се со нас

Евролига

Две „уникатни“ слободни фрлања го одбележаа драматичниот триумф на Партизан во Берлин (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/PartizanBC

Драматичната завршница на дуелот од Евролигата меѓу Алба и Партизан донесе победа за гостите, но и антологиски две секунди кои долго ќе бидат запаметени од кошаркарските фанови во Европа.

Во толку краток период може да се случат неверојатни потези и грешки, но ретко кога и сценарио во кое двајца играчи ќе киксираат при изведување слободно фрлање и тоа на уникатен начин.

Во ситуација кога Партизан имаше плус два, Дејвид МекКормак сакаше да го промаши слободното фрлање и да обезбеди можност за офанзивен скок за соиграчите. Но, топката од обрачот на чуден начин се најде во мрежата, а МекКормак не го криеше своето разочарување од епилогот.

Кулминацијата дојде на спротивната страна, каде Брендон Дејвис требаше намерно да го промаши фрлањето на 0,7 секунди до крајот, со што Алба немаше да има можност ниту да шутира за победа. Но, Американецот не го погоди обрачот, па германскиот тим доби напад, кој на крајот сепак не го реализираше. Но, тоа беше доволно за Жељко Обрадовиќ да збесне, во неверица од тоа што го виде на теренот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни