Поврзете се со нас

Олимписки игри

Две шпански легенди се збогуваа од репрезентацијата по поразот од Америка

Објавено

на

Шпанија прокоцка добра шанса да ја шокира Америка на едни Олимписки игри, бидејќи ова утро подобро го отвори мечот против „дрим-тимот“, но во моменти кога првпат дојде до двоцифрена предност, „фуријата“ забележа драстичен пад и тоа е едноставно недопустливо против големи НБА ѕвезди.

Шпанците ја добија првата четвртина со 21:19, во втората поведоа со плус десет на семафорот, но потоа следуваше фуриозна игра од Американците, кои веќе на средина на третиот дел го решија прашањето околу победникот.

„Дрим-тимот“ на Грег Попович поведе со 16 разлика во третата четвртина и стана јасно кој ќе оди во полуфиналето на Олимписките игри, турнир кој се покажа како последен за две легенди во шпанската кошаркарска репрезентација.

Браќата Гасол решија да се повлечат од репрезентацијата по поразот од Америка изразен со резултат 95:81, со тоа што Пау допрва ќе треба да реши дали и официјално заминува во пензија.

– Ова е момент за да се спуштиме од бродот, да ставиме кај на оваа атракција од која бевме дел толку многу години. Имавме многу среќа и многу успеси, но сега е време за новата генерација, да им оставиме простор и да уживаат, – изјави Марк Гасол.

– Ова беше последен меч за мене со овој неверојатен тим, вистинска штета е што не победивме. Сега ќе се исклучам за момент и ќе зборувам со семејството. Ќе видам дали вреди да останам во кошарката, или да направам чекор назад и да се повлечам, – изјави искусниот Пау Гасол кој има полна 41 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни