Поврзете се со нас

Англија

Две ремек-дела на „Енфилд“: Арнолд и Мак Алистер воодушевија со фудбалски бравури (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Премиер лигата понуди фестивал од голови на натпреварите кои почнаа во 14:30 часот, а убедливо најмногу се постигнаа на „Енфилд Роуд“ каде Ливерпул и Фулам заминаа на пауза со резултат 2:2.

Фаворитот на двапати водеше и успеа да има предност на семафорот, но гостите од Лондон ги користеа катастрофалните реакции во одбрана и во два наврати се вратија.

Играчите на Ливерпул дефинитивно ќе имаат измешани чувства на полувреме, а тоа посебно важи за Трент Александер Арнолд и Алексис Мак Алистер.

Првиот режираше ремек-дело од слободен удар за водство од 1:0, додека Аргентинецот одговори со страшна „бомба“ за 2:1.

Во двата случаи Фулам брзо се враќаше во игра, прво преку Вилсон, а потоа преку Тете.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни