Поврзете се со нас

Европски првенства

Две различни полувремиња: Македонија со пораз го заврши настапот на ЕП

Објавено

на

Женската ракометна репрезентација на Македонија доживеа пораз од домаќинот Унгарија на третиот натпревар во групната фаза на Европското првенство.

Нашиот национален состав одигра две сосема различни полувремиња и тоа на крајот ни донесе убедлив пораз од 29-19. Избраничките на Грчевски одиграа квалитетно во првите 30 минути, период во кој рамноправно се носеа со домаќинот, период кој лесно можеа и да го добијат, но на пауза сепак Унгарките заминаа со плус еден (11:10).

Продолжението беше сосема друга приказна, ние долго се мачевме да го постигне 11 погодок или поточно тоа го направивме откако Унгарките дојдоа до водство од 16:10. Потоа немаше враќање, фаворитот диктираше темпо, го зголемуваше водството, водеше и со 11 разлика за да на крајот останеме на десет негатива што за нас е втор ваков пораз по оној од Шведска (28:18).

Ристовска со шест гола беше прв стрелец.

Македонија го завршува овој шампионат со еден освоен бод и тоа против Турција.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни