Две причини зошто Месут Озил може да премине на „Олд Трафорд“ уште во јануари

ozil

Манчестер Јунајтед е загреан да го донесе Месут Озил од Арсенал на „Олд Трафорд“ уште во јануари, според извештаите во англиските медиуми.

Тренерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо е голем фан на германскиот репрезентативец уште кога играше за него во Реал Мадрид. Интер, исто така, е заинтересиран за Озил, но ако се суди според изјавата на агентот на 29-годишникот, шансите на италијанскиот тим се минимални.

– Тој сака да игра во Премиер лигата уште барем две или три години – кажа агентот на Озил.

Дополнително, тренерот на „топчиите“ Арсен Венгер потврди дека можно Озил, како и Алексис Санчез, да си заминат во јануарскиот преоден рок. И на двајцата, договорите им истекуваат на крајот од сезоната.

Ако Озил сака да остане во Премиер лигата и ако си заминнува во јануари, тогаш трансферот во Манчестер Јунајтед единствената реалистична опција.

 

Facebook Коментари