Поврзете се со нас

Шпанија

Две познати имиња се во игра: Барселона ја бира замената за Тер Штетен

Објавено

на

foto:twitter.com/Plettigoal

Барселона остана без уште еден играч до крајот на оваа сезона и тоа капитенот Марк Андре Тер Штеген кој се повреди на средбата со Вилјареал, повреда на коленото поради која мораше да му биде извршена операција и сега ќе започне долг процес на рехабилитација, закрепнување.

Ињаки Пења сега ќе ја има улогата на прв голман, но Барса не сака да ризикува и според медиумите донесена е одлука да се ангажира нов голман кој ќе биде соодветна поддршка за 25-годишниот Шпанецот со оглед на тоа што другите опции од школата, вториот тим немаат доволно искуство и едноставно ќе биде премногу со оглед на тоа што сезоната е долга.

Според „Мундо Депортиво“ две имиња се издвојуваа, две имиња со огромно искуство кои не во моментов се слободни и воопшто не би се двоумеле да потпишат за каталонците.

Првиот е Кејлор Навас, некогашниот член на Реал Мадрид кој последниот ангажман го имаше во Нотингем Форест. Негов агент е Жорже Мендеш кој има одличен однос со клубот, па едноставно има терен за Навас одново да заигра во Шпанија каде во минатото настапуваше уште за Леванте и Албасете.

Вториот е Војчех Шчесни кој официјално е во пензија, но можноста да заигра за шпанскиот великан не би ја пропуштил. Тој е помлад, има 34 години, плус тука е Левандовски, неговиот добар пријател и кум што го става во позиција да може да биде замена за Тер Штеген.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни