Поврзете се со нас

Македонија

Две нови имиња: Воска Спорт ја засили дефанзивната и офанзивната линија

Објавено

на

foto: FB/F.C Voska Sport

Воска Спорт има една цел до крајот на оваа сезона, а таа е да се обезбеди опстанок во Првата македонска лига.

Токму поради тоа управата на клубот влече потези кои според нив ќе помогнат да се остане во најсилната домашна фудбалска конкуренција, па така доведени се уште две нови имиња.

Одбраната на клубот е посилна за централниот дефанзивец, Христијан Јанкуловски. Офанзивната линија пак е освежена со 26-годишниот Милош Аќимовиќ кој во Охрид доаѓа од Леотар Трeбиње.

Тој има настапувано во уште неколку тимови од БиХ, а бил дел и од австриски СВ Лафниц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни