Поврзете се со нас

АТП

Две имиња: Виландер ги издвои главните фаворити за пехарот на Вимблдон

Објавено

на

Од понеделник започнува третиот календарски грен слен за 2024 година, најпрестижниот турнир во светот на тенисот-Вимблдон.

Натпреварите на трева секогаш се диманични, носат возбудувања, изненадувања, па токму затоа со нетрпение се очекува стартот на настанот во Лондон.

Секако најголемо внимате предизвикува борбата во машка конкуренција. па Матс Виландер како повеќекратен грен слем шампион даде мислење околу фаворитите за пехарот. Според Швеѓанецот шампионот ќе се бара меѓу Карлос Алкарас и Јаник Синер, односно тој уште од сега го отпиша Новак Ѓоковиќ.

-Мислам дека Алкарас е голем фаворит бидејќи лани во финалето го победи Ѓоковиќ во пет сета. И тој веројатно си покажа себеси, останатите играчи и сите навивачи дека по освојувањето на Ролан Гарос не треба да игра многу натпревари за да освои толку големи титули.

-Тука е Синер. Тој стигна до полуфиналето на Вимблдон 2023 година, една година порано до четврт-финалето. Неодамна го освои трофејот во Хале и знае како се победува. Верува во себе, -вели Матс кој не може да се одлучи меѓу двајцата.

-Гледајќи во иднината, ќе биде многу тешко да се одреди кој е фаворит на било кој турнир. Мислам дека веќе ни покажаа дека во иднина ќе мора да се сметаат за фаворити на речиси сите турнири, -подвлезе Швеѓанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни