Поврзете се со нас

Англија

Две големи екипи од ПЛ го посакуваат потписот на херојот на Италијанците

Објавено

на

Foto:x.com/Azzurri_En

Италија се избори за место во осминафиналето на Европското првенство и тоа на драматичен начин со гол длабоко во судиското продолжение во битката со Хрватска.

Стрелец на погодокот беше Матија Закањи, но најголемиот дел од работата ја заврши дефанзивецот Рикардо Калафиори кој го претрче целиот терен и потоа испрати перфектна топка до фудбалерот на Лацио кој мајсторски ја смести топката во мрежата на Ливаковиќ.

Со ова Калафиори само продолжи да си ја зголемува цената на пазарот и во моментов се потешко изгледа опцијата за преселба во Јувентус. Далеку помоќни финансиски се премиерлигашите, па според Тутоспорт дефанзивецот станал трансфер цел на Арсенал и Тотенхем.

Тотенхем веќе остварил контакт со Болоња, а „топчиите“ преку агентот на играчот ги испитуваат теренот. Калчолигашот се надева дека ќе добие околу 50 милиони евра за 22-годишниот одбранбен фудбалер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни