Балкан
Две години од смртта на Миха: „Него го мачеа други работи“
Пред две години прерано почина легендарнот фудбалер Синиша Михајловиќ, човекот кој подлегна на една од најперфидните болести на денешницата.
Иако за Миха се кажани многу работи, за неговите фудбалски успеси и за ѕвездената кариера, на сеќавањата за случувањата на зелениот терен им нема крај.
Во тек е снимање на документарец за Михајловиќ, а меѓу поканетите гости беше и Игор Штимац, кој уште еднаш се потсети за случувањата со неговиот поранешен колега. Во ексклузивните видеа кои ги добивме направени за време на снимањето, поранешниот хрватски фудбалер и селектор демантираше дека меѓу нив имало конфликт.
– Немаше судир меѓу Штимац и Михајловиќ! Штимац и Михајловиќ добија црвени картони. Тој имаше старт одзади врз мене и доби жолт, а јас му вратив и јас добив жолт. Тој го доби црвениот за друг старт, а јас за тоа што влегов во толпата со играчи откако Најдоски удри еден наш играч,- објаснува Штимац во својата приказна за дуелот на Црвена Звезда и Хајдук во финалето на Купот.
Исто така Штимац во продолжението на снимката се осврнува на тоа дека ситуацијата го оптоварувала Синиша Михајловиќ и дека тој поради тоа бил преагресивен на таа средба.
– Тој беше единствениот што не се ракуваше со нас. Имаше неколку стартови за црвен картон, а јас бев капитен на спротивниот тим и имав легитимно право да ги заштитам моите играчи. Него го мачеа други работи,- раскажува Штимац, алудирајќи на тоа дека куќата на Михајловиќ во Хрватска била запалена, а била загрозена и безбедноста на неговите родители.
-
Светски првенства21 час
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства19 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија20 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Англија22 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Шпанија22 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)
-
Свет21 час
Ривалдо му одговори на Нејмар: Никој не можеше да игра на мое место (Фото)
-
Светски првенства8 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
Шпанија20 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал