Свет
Две ѕвезди од Серија А чекаа на ред за слика со Кристијано како обични фанови (Видео)
Кристијано Роналдо поставува нови стандарди на 39-годишна возраст, па вчера на три месеци пред да влезе во петтата деценија од животот, Португалецот воодушеви со акробација како во најдобрите денови.
Роналдо постигна два гола против Полска и оној вториот беше навистина спектакуларен, а каква возбуда предизвика големата ѕвезда и меѓу своите колеги, најдобро ни говори видеото од подтрибинскиот простор.
Видео материјалот од „Драгао“ брзо стана вирален хит, бидејќи на истиот може да се види како две големи ѕвезди од Серија А се однесуваат како обични фанови кога е Роналдо во прашање.
Полските репрезенативци Залевски и Зиелински чекаа на ред да дојдат во близок контакт со Роналдо, по што двајцата побараа да се сликаат со него.
Португалскиот капитен без размислување одговори позитивно на двете барања, па ѕвездите на Рома и Интер го добија тоа што го сакаа.
Cristiano Ronaldo, Nicola Zalewski, Piotr Zieliński 📸 pic.twitter.com/7YXfp8Eg62
— Meczyki.pl (@Meczykipl) November 15, 2024
-
Шпанија16 часа
Роналдо: Вистинската „Златна топка“ е во Реал, но тоа не е Винисиус
-
Англија15 часа
Евертон и Ливерпул денеска нема да го одиграат најавеното градско дерби
-
Англија15 часа
Гвардиола: Мурињо е уште еден од тие кои посакуваат Сити да игра во четвртата лига
-
Англија9 часа
Одложеното дерби ни донесе малер на денот: Ја потрошил цела заштеда за да го гледа последното Мерсисајд дерби на „Гудисон парк“ (Фото)
-
Англија5 часа
Антонио имаше тешка сообраќајна несреќа, Вест Хем се огласи со информација за неговата состојба
-
Англија17 часа
Ливерпул, Арсенал и Сити ќе остварат идентични победи, лондонското дерби ќе му припадне…
-
Италија12 часа
Гасперини му одговори на Фонсека, но и на навивачите на Аталанта: Ќе ги оставиме да пејат што сакаат!
-
Меѓународни настани11 часа
Талентираниот кајакар Смилев има големи амбиции: Главна цел ми е една Олимпијада