Поврзете се со нас

Франција

Две ѕвезди на ПСЖ нема да останат со тимот за настап во Лигата на шампионите

Објавено

на

ПСЖ ќе мора да ја плати цената за разделбата со дел од фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот на овој месец и кои дефинитивно нема да бидат дел од францускиот првак следната сезона.

Француските медиуми пренесоа, а добро информираниот „БеИН“ потврди дека Единсон Кавани и Томас Муние решиле да не останат во ПСЖ до крајот на август, што значи дека четвртфиналистот ќе биде ослабен во завршницата на Лигата на шампионите.

Раководството на ПСЖ побарало од сите играчи со истечени договори да останат уште два месеца во клубот, но Кавани и Муние одбиле, како еден вид „благодарност“ за фактот што Леонардо и неговите претпоставени решија дека не треба да добијат понуда за нов договор.

Наспроти Кавани и Муние, Тиаго Силва, Лејвин Курзава и Серхио Рико веројатно ќе останат во Париз и ќе се подготвуваат за настап на фајнл-ејт турнирот.

Победникот во Лигата на шампионите првпат ќе биде решен на завршен турнир, кој ќе се игра во Лисабон и каде ќе се игра по еден натпревар во секоја од завршните фази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни