Англија
Две ѕвезди на Јунајтед се расправаа на теренот по тешката победа во Плзен, Аморим порача: Тоа е перфектна слика
Манчестер Јунајтед го избра потешкиот пат за победа во Плзен, но на крајот успеа да направи пресврт против Викторија и да победи со 1:2.
Расмус Хојлуд беше јунак за гостите од Англија и Данецот постигна два гола за пресврт, но во завршницата ќе имаше и стопроцентна шанса за хет-трик ако добиеше топка од Амад Диало.
Фантастичното крило беше себично во неколку ситуации на натпреварот во Чешка, меѓутоа со последниот потег го разбесни Хојлунд кој имаше и пожестоки забелешки за соиграчот по последниот свиреж.
Караницата на теренот се најде во прв план по крајот на мечот, па оваа тема го засегна и Рубен Аморим кој пак порача дека му се допаднало тоа што го видел.
– Свесен сум за тоа и видов што се случи. Според мене, тоа се перфектни сцени. Ако не ви е грижа за ништо, тогаш нема никако да реагирате. Кога има реакција, се карате со своите браќа, татко, мајка. За мене, ова беше многу добар знак од играчите и нешто сосема нормално.
– Оставив играчите и капитенот самите да решаваат. Ако некогаш мислам дека е претерано, ќе влезам во соблекувалната и ќе реагирам. Кога се на теренот, имаат право да се надополнуваат, да се караат, да се борат и за мене тоа е навистина добар знак, – порача Аморим.
Rasmus Hojlund and Amad Diallo arguing at each other for not passing the ball
Things I love to see 😂🤩 pic.twitter.com/ZnXj50eZ4I
— Kara (@UTDKara) December 12, 2024
-
АТП13 часа
Гласна птица го деконцентрираше Ѓоковиќ, сцената стана вирален хит (Видео)
-
Англија22 часа
Аморим за Рашфорд: Дали го одигра неговото за Јунајтед? Мора да го претставува клубот…
-
Италија20 часа
Конте за Кварацхелија: Тој не ме разочара, мислев…
-
Англија23 часа
Фернандеш го мина Бекам со атрактивниот гол против Арсенал (ВИДЕО)
-
АТП22 часа
Елиминиран поранешниот финалист на АО, Синер преку тај-брејкови до прва победа (ВИДЕО)
-
АТП18 часа
Тинејџер му зема сет на Ѓоковиќ, Србинот одговори и обезбеди билет за второто коло во Мелбурн (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Откриена пораката која му ја испратил Перез на Модриќ по „петардата“ во финалето: Понекогаш мора…. (Видео)
-
Италија21 час
Италијански великан фаворит за потписот на Вокер