Поврзете се со нас

Шпанија

Две ѕвезди на Барса не можеа да стојат на нозе по интензивниот тренинг од Флик, Ханси им се смееше во лице (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBarcelona

По еден тежок и исцрпувачки натпревар во Сан Себастијан, Барселона ја прекина добрата серија и загуби од Реал Сосиедад, но наместо да очајува, Ханси Флик најави дека веднаш ќе се фати за работа за да се поправат неколку нешта кои не му се допадале.

Иако на Барселона и беше поништен гол во сомнителни услови, факт е дека каталонците не изгледаа добро и свежо како и обично, па Ханси решил да ги „освести“ своите фудбалери со тежок и исцрпувачки понеделнички тренинг.

Фудбалската пракса налага дека сите стартери добиваат поштеда еден ден по одигран натпревар, но тоа не важи за резервите кои веднаш се враќаат на полн интезитет.

Токму таков третман употребил Ханси Флик со играчите кои беа на клупата, а Гави и Пау Виктор не можеле да стојат на нозе по тренингот по воен режим кој го смислил Германецот.

Откако дојде во Барселона, Ханси е препознатлив по германската дисциплина и високите барања кои ги има на тренинзите, па откако видел како Гави и Пау паѓаат на земја, не пропуштил шанса да им се изнасмее во лице.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни