Поврзете се со нас

Германија

Две ѕвезди на Баерн импресионирани од првиот меч на Кансело: Секогаш има добро решение

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Жоао Кансело се претстави на германската спортска јавнсот со деби само еден ден по комплетирањето на трансферот во Баерн Минхен, откако Јулијан Нагелсман имаше доволно доверба во Португалецот за да го стави во стартната постава.

Десниот бек доби поофанзивни задачи на гостувањето кај Мајнц и беше навистина активен во противничката половина, а од еден негов центаршут дојде и првиот гол на мечот.

Кансело одлично го пронајде Чупо Мотинг и ја запиша првата асистенција во германскиот фудбал, но неговото севкупно издание е она што најмногу ги задоволи навивачите на Баерн.

Импресиите не ги криеја и неговите нови соиграчи, а тоа особено важи за Џамал Мусиала и Џошуа Кимих кои дадоа изјави пред новинарите.

– Уште на првиот меч се гледа дека е навистина многу добар играч. Технички е одличен, добар е со топката во нозе и има одличен центаршут. Го видовме тоа при првиот гол. Сите во Баерн сме среќни што дојде тука и што ќе ни помогне до крајот на сезоната, – порача Мусиала.

– Изгледа дека Кансело има решение за секоја ситуација кога ја има топката во нозе. Не само што е технички добар, има и добар долг пас со кој ја исфрла последната дефанзивна линија на противникот. Добро игра со двете нозе и ќе ни биде од огромна помош оваа сезона, – изјави Кимих.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни