Поврзете се со нас

Репрезентација

Две четвртини без ниту еден постигнат кош: Јуниорките доживеаа потоп во Софија

Објавено

на

Женската јуниорска селекција на Македонија доживеа катастофален пораз од Словенија од 88-22 во вториот натпревар на ФИБА „Челенџер“ турнирот кој се игра во Софија.

Нашите кошаркарки беа надиграни во сите сегменти, беа немоќни против противникот, а најдобар доказ за разликата во квалитет е фактот што во две четвртини не успеавме да дадеме ниту еден поен.

Имено првиот период го загубивме со 34-0, последниот пак со 30-0. Рамноправни бевме во вторите 10 минути кои ги реализиравме во наша полза со 13-11, но и во третата четвртина во која бевме на само минус четири 13-9.

Димитријевиќ со 7 поени беше најдобра кај „црвено-жолтите“, Чех пак со 15 ја преводеше листата на стрелци кај победникот.

Утре не очекува нов испит против домаќинот Бугарија од 19:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни