Англија
Две асистенции на Рашфорд и два погодоци на Асенсио го нокаутираа Челси на „Вила парк“ (Видео)

Челси продолжи со својот во вториот дел од сезоната и претрпе нов болен пораз во Премиер лигата, овојпат од директен ривал за настап во Европа наредната сезона.
Астон Вила успеа да направи пресврт и да се врати по почетниот гол на Енцо Фернандез, а клучни за тоа се покажаа двете големи зимски засилувања за Унаи Емери.
Маркус Рашфорд и Марко Асенсио почнаа да прават разлика на „Вила парк“, и тоа во акции во кои директно се проиграа за голем пресврт во Бирмингем.
Рашфорд влезе во игра на стартот на вториот дел и брзо асистираше до Асенсио за 1:1, додека најважниот момент следеше во 89-та минута кога истата комбинација се погрижи и за втор погодок.
Шпанецот одлично реагираше по додавањето од Маркус, но на голот кумуваше и катастрофалниот потег на Јоргенсен кој дозволи топката да заврши во неговиот гол.
Астон Вила со оваа победа се доближи на само еден бод од шестопласираниот Челси, па јасно е дека битката за Лига на шампионите и Лига Европа ќе биде крајно неизвесна до крајот на сезоната.
-
Свет21 час
Атрактивен гол на ветеранот: Мајсторијата на Меси го најави пресвртот на Интер Мајами (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Симеоне за неверојатниот пресврт на Барселона: Направив грешка со една измена
-
Англија16 часа
Ова никогаш не му се случило: Салах со негативен рекорд во поразот од Њукасл
-
Балкан9 часа
Панчев воспоставил конекции за остварување на голема цел: Хуманитарни натпревари меѓу Вардар-Звезда и Македонија-Србија
-
Италија22 часа
Мота: Оставка? Тоа е премногу лесно…
-
Италија21 час
Гасперини: Судијата го уништи натпреварот со Интер
-
Англија19 часа
Постекоглу влезе во конфликт со навивач на Тотенхем, Тел мораше да ја смирува ситуацијата (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Руни бил блиску да игра за друга репрезентација: Тоа ќе беше одлично