Поврзете се со нас

Лига Европа

Две асистенции на Адеми во важната победа на Динамо Загреб, Арсенал и Хофенхајм го задржаа перфектниот учинок (ВИДЕО)

Објавено

на

Две асистенции забележа нашиот Аријан Адеми во важната победа на Динамо Загреб над Волфсбергер во рамките на 4. коло од групната фаза на Лигата на Европа.

Хрватскиот прва славеше со 3-0, а токму македонскиот репрезентативец Адеми ги имаше клучните потези во 75 и 91 минута кога им „сервираше“ одлични топки на Петковиќ и Иванушец.


Сега Динамо Загреб има 8 бода и е на првото место во групата К пред Феенорд со 5, Волфсбергер со 4 и ЦСКА Москва со 3 поени.

Одличната серија на резултати во ЛЕ ја продолжија Арсенал и Хофенхајм кои славеа на гостувањата во Норвешка, односно Чешка. Премиерлигашот со 3-0 беше подобар од Молде за „четири од четири“, учинок кој го има и бундеслигашот по триумфот над Либерец со головите на Баумгартнер и Крамариќ.



Реклама
Реклама
Реклама

Популарни