Поврзете се со нас

Англија

Двата среќни гола на „волците“ најдобро ја отсликуваат мизеријата на Челси (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wolves

Челси игра катастрофална сезона и покрај големите вложувања и менаџерската смена на „Стемфорд Бриџ“, па полека притисокот почнува да расте и врз Маурисио Покетино кој не може да најде рецепт за успех на долгорочен план.

Аргентинскиот стручњак попладнево доживеа ново непријатно разочарување на домашен терен, а уште поголемо беше за навивачите кои веќе жестоко го искажуваат револтот за ужасните изданија на тимот.

Челси поведе против Вулверхемптон со голот на Палмер, но ако во оваа ситуација одличен беше Каиседо, најскапото летно засилување разочара во моментите кога гостите израмнија на 1:1.

Играчот за врска продаде една топка и контрата заврши со среќен гол на Куња, кој доби помош и од несреќниот Тиаго Силва кој се најде на погрешно место, во погрешен момент.

За да биде уште полошо, „волците“ дадоа речиси идентичен гол за 1:2, со тоа што овојпат топката се одби од Дисаси и овој погодок беше препишан како автогол.

Овие два погодоци најдобро ја отсликуваат мизеријата во која е западнат Челси од самиот старт на сезоната, а беше продлабочена со уште два гола во мрежата на Петровиќ.

Куња со уште два погодоци комплетираше хет-трик и зголеми на 1:4, а во финишот ветеранот Тиаго Силва намали за конечни 2:4.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни