Поврзете се со нас

Англија

Двата клуба од Манчестер ќе ги загубат првите голмани по крајот на сезоната

Објавено

на

foto: x.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе се најдат во иста ситуација по крајот на сезоната, односно менаџерите ќе треба да ангажираат нови голмани кои ќе добијат одговорна задача во редовите на премиерлигашите.

„Сан“ тврди дека Андре Онана и Едерсон дефинитивно заминуваат од редовите на Јунајтед и Сити и во исто време ќе заминат во клубови од Саудиска Арабија.

Онана често прави грешки и менаџерот Рубен Аморим не е воодушевен од неговите изданија, па Јунајтед ќе прифати понуда од Саудиска Арабија и ќе се концентрира на барање солуција за оваа испразнета позиција.

Сити пак нема да му пречи на Едерсон да прифати финансиски потежок договор од некој клубовите од азиската земја, а веројатно ќе мора да ангажира нов голман, бидејќи и Штефан Ортега не е целосно сигурен дека ќе остане на „Итихад“.

Според „Сан“, двата клуба следат исти голмани и во фокусот се чуварот на мрежата на Антверпен, Сен Ламенс, односно францускиот репрезентативец Лукас Шевалие, кој зад себе има одлични настапи во дресот на Лил.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни